Собранието на Турција идната недела ќе дискутира за предлогот за продолжување на вонредната состојба

Вонредната состојба во Турција која по обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација на 15 јули 2016 година беше воведена на 21 јули 2016 година, во јануари по шести пат беше продолжена за три месеци

950739
Собранието на Турција идната недела ќе дискутира за предлогот за продолжување на вонредната состојба

Документот за продолжување на вонредната состојба идната недела ќе биде поставен на разгледување во Големото Народно Собрание на Турција (ТБББМ).

Предлогот за продолжување на вонредната состојба која по обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) на 15 јули 2016 година беше воведена на 21 јули 2016 година, ќе биде поставен на разгледување на пленарната седница на Собранието што ќе се одржи на 18 април во среда.  

Вонредната состојба во Турција во јануари по шести пат беше продолжена за три месеци. 



Слични вести