Јилдирим:САД и Русија треба да водат сметка ситуацијата во Сирија да не стане уште покомплицирана

Турскиот премиер Бинали Јилдирим рече дека деновиве сме сведоци на препукување меѓу САД и Русија преку социјалните медијуми.

950844
Јилдирим:САД и Русија треба да водат сметка ситуацијата во Сирија да не стане уште покомплицирана

Турскиот премиер Бинали Јилдирим рече дека САД и Русија треба да водат сметка ситуацијата во Сирија да не стане уште покомплицирана.

Јилдирим во главниот град Анкара одговараше на прашањата на новинарите.

„ Деновиве сме сведоци на препукување меѓу САД и Русија преку социјалните медијуми. Регионот долги години плаќа скапа цена.На нашите пријатели им советуваме да се воздржуваат од иницијативи кои уште повеќе ќе ја комплицираат и така комплицираната ситуација“ рече премиерот Јилдирим.

Осврнувајќи се на употребата на хемиско оружје на 7 април во Сирија ,премиерот Јилдирим подвлече:

„ Ништо не може да ја оправда употребата на хемиско оружје,тоа е подлост.“



Слични вести