Чавушоглу: Има потреба од реформа на Советот за безбедност на ОН

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека има потреба од реформа на Советот за безбедност на ООН

950717
Чавушоглу: Има потреба од реформа на Советот за безбедност на ОН

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу говореше на Меѓународната тренинг програма за млади дипломати вбо организација на Дипломатската академија на министерството.

Чавушоглу истакна дека има потреба од реформа на Советот за безбедност на ООН.

Нагласувајќи дека Советот за безбедност на ОН останува недоволен во решавање на глобалните проблеми, Мевлут Чавушоглу потенцира дека регионалните и меѓународните организации како што се ООН, Европската унија и Советот на Европа треба да сносат одговорност во точката на решавање на присутните проблеми или спречување на конфликтите и дека повеќето од овие организации не располагаат со доволен капацитет и ефикасност за решавање и спречување на проблемите.

Чавушоглу истакна дека ООН треба да биде инклузивна, со поголема застапеност, поефикасна и поприменлива.

„Исто така има потреба и од реформа на Советот за безбедност. Се одржа седница за разгледување на нацрт-одлуката за формирање механизам на ОН за истражување на нападот со хемиско оружје во Сирија. И ние ја поддржувавме оваа нацрт-одлука. Само една земја Русија која воедно е и наш пријател стави вето на истата. Сега се наоѓаме под уште поголем ризик. Можеби некои од нашите други сојузници ќе интервенираат или ќе нападнат. Кога ќе рече не дури и само една земја ОН не можат да донесат одлука во однос на никое прашање. затоа оваа состојба треба да се промени и треба да се смени и структурата на Советот за безбедност.“ - рече Чавушоглу.

 Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу воедно потсети дека како ООН така и ЕУ се формирани по Втората светска војна и дека ги исполнуваа потребите на тоа време, но тие не се доволни за денешните вистини.



Слични вести