Ердоган и Трамп разговараа телефонски за последните случувања во Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган разговараше телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп

949508
Ердоган и Трамп разговараа телефонски за последните случувања во Сирија

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во објавеното соопштение од кабинетот на претседателот се истакнува дека претседателот Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп синоќа имаа телефонски разговор.

Двајцата лидери Ердоган и Трамп во телефонскиот разговор разменија мислења во однос на последните случувања во Сирија.

Во објавеното соопштение од Белата куќа во врска со телефонскиот разговор пак се вели дека двајцата лидери ќе продолжат да комуницираат во врска со актуелните случувања.



Слични вести