Ердоган ги предупреди САД и Русија во однос на Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција е вознемирена од тоа што некои земји кои имаат верба во својата воена сила ја претворија Сирија во терен на надборување

950093
Ердоган ги предупреди САД и Русија во однос на Сирија

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата по повод свеченото ставање во употреба на Башкентрај во железничката станица Кајаш во Анкара и притоа истакна дека Турција е вознемирена од тоа што некои земји кои имаат верба во својата воена сила ја претворија Сирија во терен на надборување. 

Предупредувајќи ги САД и Русија кои се натпреваруваат во Сирија, Ердоган рече: „Никој нема право да предизвикува пожар на териториите на Сирија за нивните сопствени воени борби. Онолку колку што е погрешно да се брани режимот кој користи хемиско оружје, толку е погрешно да се застане во одбрана и на терористите.“

Претседателот Ердоган нагласи дека Турција е сојузник на САД, воедно соработува и со Русија во сферите на енергијата и безбедноста и дека нема намера да се откаже од односите со овие земји и со Иран.

„Тие кои го поддржуваат убиецот Асад грешат, а исто како што грешат и тие кои ја поддржуваат ПЈД-ЈПГ која е продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, во Сирија. Единствена земја која носи развој онаму каде што се наоѓа е Турција. На оние места каде што се наоѓаат други сили постои зулум и неспокојство. Ние отидовме во Сирија за нејзина изградба, за освојување на срцата и таму ќе останеме се додека успееме во тоа.“ - напомена Ердоган.

Осврнувајќи се и на нападот со хемиско оружје за кој што се тврди дека беше извршен во градот Дума во Сирија во саботата и во кој загинаа 80 лица, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Случувањата во Сирија предизвикаа безбедносна криза во светски рамки. Режимот во Сирија според нас располага со црно минато. Вознемирени сме од тоа што Сирија е претворена во терен на надборување. Синоќа разговаравме со американскиот претседател Доналд Трамп, а денес ќе разговарам со рускиот претседател Владимир Путин. Ќе разговарам за тоа како заедно би можеле да го сопреме хемискиот маскр. Никој нема право да предизвикува пожар во Средоземното Море и на териториите на Сирија.“  

 



Слични вести