Турција повикува на смирување на тензиите во Сирија

Министерот за национална одбрана на Турција Нуретин Џаникли рече дека во Сирија моментално има премногу актери чии интереси се спротивставуваат.

949380
Турција повикува на смирување на тензиите во Сирија

Турција ги повика САД и Русија да бидат посмирени во Сирија каде деновиве напнатоста е се поголема.

Министерот за национална одбрана на Турција Нуретин Џаникли во интервју за еден приватен турски телевизиски канал рече дека во Сирија моментално има премногу актери чии интереси се спротивставуваат.

„Станува збор за еден тесен простор кој може да биде фитилот за секакви судири.Во меѓународните односи по извесно време се губи рационалноста.После тоа се губи разумното размислување што може да доведе до војна.Доколку силите поддржани од САД ги нападнат силите поддржани од Русија, Русија и нејзините поддржувачи нема да останат пасивни,во спротивно ќе ја загубат силата.Ете токму затоа доаѓа до судири. Оваа опасност е присутна долг временски период а мислам дека ќе биде присутна и понатаму.“ истакна министерот Џаникли.

Подвлекувајќи дека една искра може да го запали целиот регион, миникстерот Џаникли рече:

„ Турција ги повикува сите страни на разумно однесување и на напори за смирување на тензиите,освен тоа го повикуваме режимот на Бешар Асад да престане со поддршката на терористичките организации.“

 

 



Слични вести