Ердоган: Оние кои сакаат да ја приклештат Турција економски нема да успеат во тоа

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оние кои сакаат да ја приклештат Турција економски нема да успеат во тоа

949383
Ердоган: Оние кои сакаат да ја приклештат Турција економски нема да успеат во тоа

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата во Бештепе во Анкара се состана со ромските граѓани.

Ердоган апелираше до оние кои сакаат да ја приклештат Турција економски и рече: „Нема да успеете.“

Во својот говор Ердоган алудираше дека во неговото верување нема место за расизмот и истакна дека луѓето немаат надвласт едни над други според бојата на нивната кожа.

Велејќи дека расизмот е во подем во Европа која себе си се смета за цивилизирана, Ердоган напомена дека Германците во минатото применуваа нацистички методи против Ромите, додека Французите насилно ги протеруваа Ромите. 

Ердоган рече: „Велат дека се цивилизирани, меѓутоа кај нив нема ништо цивилизациски.“

Претседателот Ердоган во својот говор се осврна и на операцијата Маслинова гранка која ја започнаа Турските вооружени сили на 20 јануари во подрачјето на Африн а со цел елиминирање на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК/ПЈД/ЛПГ и ДЕАШ, како и да се спаси тамошниот пријателски и братски народ од притисоците и зулумот на кој што е подложен; во врска со што истакна дека бројот на вкупно неутрализираните терористи досега изнесува 4.108. 

Ердоган исто така додаде дека и во операциите кои што се во тек во северот на Ирак од 10 март досега се неутрализирани 337 терористи.

Потенцирајќи го развојот на Турција во последните години во секоја сфера, Ердоган рече: „Турција фактички во секојка сфера беше зависна од некого. Не можевме да го купиме оружјето кое сакавме да го купиме. Доколку ние не ги произведевме нашите сопствени беспилотни летала состојбата во Африн и во операцијата Еуфратски штит ќе беше поинаква.“

Претседателот Ердоган воедно рече дека оние кои се обидуваат да го спречат развојот на Турција се во потрага по различни сценарија и додаде дека оние кои сакаат да ја приклештат Турција економски нема да успеат во тоа.



Слични вести