Генералниот секретар на НАТО Столтенберг на 16 април во посета на Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Анкара ќе се состане со претседателот Р. Т. Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за одбрана Нуреттин Џаникли и со началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар

949237
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг на 16 април во посета на Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на 16 април ќе престојува во официјална посета на Турција.

Според добиени информации од дипломатски извори Столтенберг во рамките на оваа негова посета ќе се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за одбрана Нуреттин Џаникли и со началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар.

На средбите на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Анкара се очекува да бидат поставени на дневен ред односите меѓу Турција и НАТО, операцијата Маслинова гранка на Турските вооружени сили (ТВС) во подрачјето на Африн, борбата против тероризмот, подготовките за самитот 2018 во Брисел и актуелни регионални прашања.



Слични вести