Чавушоглу: Подрачјето на Африн не може да му се отстапи на режимот на Асад

Правејќи проценка на неодамнешната изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека подрачјето на Африн во Сирија не може да му се отстапи на режимот на Бешар Асад

949155
Чавушоглу: Подрачјето на Африн не може да му се отстапи на режимот на Асад

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека подрачјето на Африн во Сирија не може да му се отстапи на режимот на Бешар Асад.

Чавушоглу во говорот што го одржа на една манифестација во Анкара во организација на Фондацијата за политика, економија и општествени истражувања СЕТА се осврна на последните случувања во врска со Сирија.

Правејќи проценка на изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во однос на предавањето на Африн на сирискиот режим, Мевлут Чавушоглу рече: „Ние немаме претензии кон териториите на Сирија но овие места не можат да му се отстапат на режимот.“

Чавушоглу нагласи дека сирискиот режим во овој регион соработува со сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК/ПЈД/ЛПГ и со ДЕАШ, а воедно напомена дека режимот разменува и оружје со терористичките организации.

Мевлут Чавушоглу за време на операцијата Маслинова гранка која ја започнаа Турските вооружени сили на 20 јануари во подрачјето на Африн а со цел елиминирање на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК/ПЈД/ЛПГ и ДЕАШ, како и да се спаси тамошниот пријателски и братски народ од притисоците и зулумот на кој што е подложен, терористите од областите под контрола на сирискиот режим слободно преминуваа во подрачјето на Африн.

Осврнувајќи се и на употребата на хемиско оружје во градот Дума во реонот Источна Гута во саботата, Чавушоглу потсети дека асадовиот режим и претходно употреби хемиско оружје.

Асад сигурно треба да ја напушти власта и да преминеме кон политички опроцес во Сирија.“ - рече министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.   

 



Слични вести