Акар : Турција нема да дозволи ситуација на свршен чин во басените на Егејското и Црното море

Началникот на турскиот генералштаб генерал на армија Хулуси Акар беше во посета на олдредени воени штабови и единици на турските вооружени сили во околината на Ѓолџук и Гелиболу.

948717
Акар : Турција нема да дозволи ситуација на свршен чин во басените на Егејското и Црното море

Началникот на турскиот генералштаб генерал на армија Хулуси Акар рече дека Турција нема да дозволи ситуација на свршен чин во басените на Егејското и Црното море.

„За да не дојде до тоа навреме се преземаат сите потребни мерки“ додаде генерал Акар.

Хулуси Акар беше во посета на олдредени воени штабови и единици на турските вооружени сили во околината на Ѓолџук и Гелиболу.

Генерал Акар оствари разговори со командантите на воените единици, од кои беше брифиран за борбената готовност на припадниците на армијата.

Акар во разговорот рече дека нема да се дозволи ситуација на свршен чин во басените на Егејското и Црното море така да навреме се преземаат сите потребни мерки за да не дојде до тоа.Наша желба е недоразбирањата во басенот на Егејското море да се решат во рамките на меѓународното право за да може Егејското море да се претвори во море на мир,пријателство и соработка.

 

 

 



Слични вести