Времето за предавањето на Африн го определуваме ние, а не рускиот министер за надворешни работи

Тогаш нека разговараат за предавањето на другите територии во Сирија кои што се наоѓаат под контрола на други земји

948218
Времето за предавањето на Африн го определуваме ние, а не рускиот министер за надворешни работи

„Времето за предавањето на Африн го определуваме ние, а не рускиот министер за надворешни работи“ рече претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека „Времето за предавањето на Африн ќе го определи Турција, а не рускиот министер за надворешни работи“.

По говорот на состанокот на пратеничката група на Партијата за правда и развој (АК Партија) во Големото национално собрание, претседателот на републиката и партијата Реџеп Тајип Ердоган даде изјава за новинарите.

Во врска со ставот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, претседателот Ердоган рече дека тоа е погрешен став.

Тогаш нека разговараат за предавањето на другите територии во Сирија кои што се наоѓаат под контрола на други земји. Изразот „таму постоеше режим“ не може да не разубеди. Кога ќе дојде време, ние самите ќе им го предадеме Африн на жителите на градот. Одлуката за времето за предавањето ќе ја донесеме ние, не Лавров“ рече Ердоган.

Вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Русија очекува контролата над Африн да се предаде на силите на режимот во Дамаск.



Слични вести