Тројца челници на ФЕТО префрлени од Африка во Турција

Турската разузнавачка служба (MIT), по антитерористичката операција во Габон, Африка, донесе во Турција тројца челници на терористичката организација ФЕТО.

948370
Тројца челници на ФЕТО префрлени од Африка во Турција

Припадниците на Националната разузнавачка служба на Турција (MIT), по антитерористичката операција во Габон, Африка, донесоа во Турција тројца челници на терористичката организација ФЕТО.

Откако со авион се пренесени од Либревил, беа предадени на надлежните турски правосудни органи.

Кај споменатите припадници на ФЕТО/ПДЈ пронајдени се документи, 20.800 американски долари, 12 милиони централноафрикански франци (околу 18.000 евра) и разни електронски уреди за комуникација.

Уапсените се теретат за членување во вооружена терористичка организација.

Дел од челните лица на ФЕТО во Габон на 23 март беа уапсени од страна на полицијата на оваа земја.

Инаку турската разузнавачка служба МИТ во рамките на борбата против терористичката организација ФЕТО изведе низа акции во неколку земји, со цел разбивање на надворешната структура на организацијата.

 



Слични вести