Боздаг:Сите треба да водиме сметка за хуманоста и за совеста

Вице премиерот и портпарол на владата Бекир Боздаг рече дека Сирија веќе не е тема за правење разни пресметки.Сите треба да водиме сметка за хуманоста и за совеста.

948102
Боздаг:Сите треба да водиме сметка за хуманоста и за совеста

Вице премиерот и портпарол на владата Бекир Боздаг рече дека Сирија веќе не е тема за правење разни пресметки.Сите треба да водиме сметка за хуманоста и за совеста, подвлече Боздаг на конференцијата за печатот што се одржа после седницата на владата со која претседаваше премиерот Бинали Јилдирим.

На седницата се дискутираше за воената операција на турските вооружени сили Маслиново гранче во Африн, Сирија.

Во остварувањето на операцијата Маслиново гранче, рече Боздаг загинаа 52 наши јунаци, 232 беа ранети.Освен тоа загубивме и 7 цивили, а 125 цивили беа повредени. Во исто време неутрализирани беа 4044 терористи на ПКК,КЏК,ПЈД,ЈПГ и ДЕАШ. Под контрола на турските сили се земени 282 села, 50 критични пункта и 332 подрачја или изразено  површински околу 2000 квадратни километри . Африн е целосно под контрола.

На новинарско прашање за реакцијата на американскикот претседател Доналд Трамп за нападот со хемиско оружје во Сирија, Боздаг рече дека случувањата во Сирија предизвикуваат тага кај секого. Се слушаат изјави и од Америка и од Русија.Кога ќе видите овие изјави не се поклопуваат, но има и фотографии и снимки и вести, така да кога тие сите ќе се анализираат  очигледно дека не станува збор за нормално оружје, така што се појавува потреба од подлабоко анализирање.Ова е толку важно прашање што не би требало да им се остави само на две страни.

Ние како Турција уште еднаш истакнуваме дека меѓународните организации веќе треба да стапат во дејство, Сирија повеќе не е тема за правење разни пресметки, и дека, сите треба да водиме сметка за хуманоста и за совеста.Да се надевмае дека меѓународната заедница во иднина ќе прејде од зборови на дела,подвлече Боздаг.

 

 

 

 



Слични вести