Воздушна операција на ТВС врз терористите на северот на Ирак

Во рамките на операцијата беа неутрализирани вооружени терористи

945530
Воздушна операција на ТВС врз терористите на северот на Ирак

Интензивно продолжува борбата против тероризмот на Турските вооружени сили.

Во воздушната операција на Турските вооружени сили (ТВС) на северот на Ирак беа неутрализирани уште 14 приврзаници на сепаратистичко-терористичката организација.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на Генералштабот (ГШ), ТВС извршија воздушна операција на подрачјето Хакурк на северот на Ирак.

Во рамките на операцијата беа неутрализирани вооружени терористи.

Во воздушната операција беа уништени 13 терористички цели кои од страна на терористите се употребуваа како засолништа и прибежишта.

По успешната операција, борбените авиони на ТВС безбедно се вратија во базите.



Слични вести