Премиерот Јилдирим престојува во посета на Монголија

Обемот на меѓусебната тргиовска размена треба да се зголеми на 300 милиони долари

945656
Премиерот Јилдирим престојува во посета на Монголија

Премиерот Бинали Јилдирим престојува во официјална посета на Монголија.

Јилдирим рече дека обемот на трговската размена меѓу двете земји е многу скромен и дека постоечкиот обем од 30 милиони долари, во најкратко време би требале да го зголемиме на 300 милиони долари.

Идната година ќе се одбележи 50-та годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Затоа и обемот на трговската размена треба да го зголемиме за 10 пати, рече Јилдирим.

По тет-а тет средбата, двајцата премиери учествуваа на свеченото потпишување на новите договори за зајакнување на меѓусебната соработка.

Во рамките на официјалната посета на премиерот Бинали Јилдирим на Монголија беа потпишани 7 договори и тоа во сферата на земјоделството, транспортот и комуникациските технологии, управување со кризи, миграции, Турците во странство и роднинските заедници, библиотекарството и економијата.

Високите бирократи на двете земји билатералните договори за соработка ги потпишаа во присуство на премиерот Јилдирим и монголскиот премиер Курелсук Укхна.

Првиот ден од дводневната посета на Монголија, премиерот Јилдирим ќе одржи средби со монголскиот премиер Курелсук Укхна, претседателот Калтма Батулга и претседателот на Собранието Миејгомбо Енкболд.

Премиерот Јилдирим ќе ја посети и Државната академија за национално управување, а исто така ќе учествува и на колективното свечено отворање на проектите на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Монголија.

Премиерот Јилдирим го придружуваат потпретседателот на владата Хакан Чавушоглу, министерот за култура и туризам Нуман Куртулмуш и министерот за транспорт, поморство и комуникации Ахмет Арслан.



Слични вести