Одложени преговорите меѓу Турција и САД во врска со Мунбич

Преговорите одложени се до именувањето на новиот американски државен секретар за надворешни работи

946068
Одложени преговорите меѓу Турција и САД во врска со Мунбич

Турција и САД ги одложија преговорите во врска со Мунбич во Сирија.

Во врска со преговорите со САД околу Мунбич, од страна на турските дипломати беше објавено соопштение.

Според дипломатски извори, состанокот на работната група со САД во врска со Мунбич беше одложена се до именувањето на новиот американски државен секретар за надворешни работи. Извори од МНР истакнаа дека состанокот на техничко ниво планиран во Астана ќе се одржи кон средината на мај.

Извори од МНР исто така потенцираа дека отворањето на воздушниот простор од страна на Русија во рамките не воздушната операција на Африн претставува предвесник за соработката во борбата против ПЈД-ЈПГ, сириската фракција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Дипломатски извори истакнаа дека Русија и Иран во Идлиб имаат 8 набљудувачки пунктови, но не се толку критични како што се турските. Истите извори меѓудругото потенцираа дека Турција нема никаков контакт со режимот на Сирија.



Слични вести