Ердоган упати честитка по повод 98. годишнина на новинската агенција AА

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по повод 98 години од основањето на Anadolu Agency (AA) упати честитки до агенцијата и до нејзините вработени.

945863
Ердоган упати честитка по повод 98. годишнина на новинската агенција AА

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по повод 98 години од основањето на Anadolu Agency (AA) упати честитки до агенцијата и до нејзините вработени.

„Anadolu Agency покажаа посветеност на својата филозофија на работа, така што за нашиот народ, овие денови му пружи точни и целосни информации за акцијата 'Маслиново гранче', како што тоа го правеше и во текот на војната за незавиност. Успеа со својата работа и делување да стане една од најреспектабилните новински агенции во светот", се наведува во пораката на претседателот Ердоган.

Тој додаде дека Анадолската новинска агенција сведочеше за секој напредок и развој на Турција, истакнувајќи дека станува збор за добро организирана новинска агенција на која Турција е многу горда.

„Оваа новинска агенција на некој начин има и епитет на училиште за турските медиуми. Освен тоа, беше и силен глас на народот во борбата против сепаратистичката терористичка организација и предавничката група ФЕТО", наведе Ердоган.

Тој, исто така потсети дека агенцијата го зголеми бројот на своите канцеларии во последниве години и дополнително го зајакна своето присуство низ целиот свет.

На крајот, претседателот Ердоган посака многу среќа и успех во работата на Anadolu Agency и во иднина.

 



Слични вести