Заврши средбата на Ердоган со Рохани

Главна тема на разговорите освен билатералните односи беа и регионалните и меѓународни прашања

944233
Заврши средбата на Ердоган со Рохани

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари тет-а тет средба со иранскиот колега Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани кој во Анкара допатува по повод учеството на трилатералниот состанок Турција, Русија, Иран, во претседателскиот дворец Бештепе беше пречекан од страна на претседателот Ердоган.

Веднаш по свечениот пречек, Ердоган и Рохани преминаа на тет-а тет средбата која траеше еден час и беше затворена за печатот.

Главна тема на разговорите освен билатералните односи беа и регионалните и меѓународни прашања.

Нешто потоа Рохани  оствари средба и со рускиот претседател Владимир Путин.

По работниот ручек што ќе се оствари во рамките на трилатералниот состанок Турција, Русија, Иран, чиј домаќин е претседателот Ердоган, тројцата лидери ќе одржат заедничка конференција за печатот.

Претходниот трилатерален состанок со учество на претседателите Ердоган, Путин и Рохани посветен на Сирија се одржа на 22 ноември во рускиот град Сочи.



Слични вести