Лидерите на триалтералниот состанок во Анкара потенцираа на територијалниот интегритет на Сирија

Лидерите на состанокот во Анкара уште еднаш потенцираа на значењето на одлучноста за продолжување на активната соработка

944599
Лидерите на триалтералниот состанок во Анкара потенцираа на територијалниот интегритет на Сирија

По трилатералниот состанок во Анкара посветен на Сирија, претседателот Реџеп Тајип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рохани објавија заедничка декларација.

Во декларацијата беше истакнато дека по првиот состанок во Сочи на 22 ноември, тројцата лидери имаа можност да разменат мислења во врска со случувањата во Сирија.

Лидерите меѓудругото изразија задоволство од поволниот придонес на мировните преговори во Астана за изнаоѓање решение на кризата во Сирија, кои на иницијатива на трите земји започнаа во јануари во Казахстан.

Лидерите на состанокот во Анкара уште еднаш потенцираа на значењето на одлучноста за продолжување на активната соработка со цел да се спроведе траен мир меѓу завојуваните страни во Сирија како и постигнување напредок во политичкиот процес кој се предвидува со резолуцијата број 2254 на СБ на ОН за Сирија.

Тројцата лидери во изјавите ја повторија приврзаноста кон сувереноста, независноста, единството, територијалниот интегритет како и државната структура на Сирија која нема да се заснова на одредена фракција,

Во заедничкото соопштение беше подвлечено следното:

„Без оглед на тоа од чија страна е извршен, нема да се прифати ниту еден од евентуалните чекори што ќе се фрлат, а кои ќе се косат со релевантните одлуки на ОН и начелата на претставниците на сите заедници во Сирија. Се одбиваат сите иницијативи кои на теренот беа преземени под изговор дека водат борба против тероризмот, а исто така беше изнесена силна решителност против сепаратистичките активности насочени против суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија како и националната безбедност на нивните соседи“.

Конгресот за национален дијалог којшто се одржа во Сочи на 30 јануари претставува значаен почеток кој го отвори патот на политичкиот дијалог и одлуката за формирање уставен комитет која беше усвоена на конгресот во најкратко време треба да се подржи и од страна на ОН, беше истакнато во заедничкото соопштение на лидерите.

Исто така беше изразена и поддршка на повторното формирање на единството на Сиријците во земјата.

Во заедничката декларација која беше потпишана од страна на лидерите на Турција, Русија и Иран беше подвлечено и на значењето на взаемната соработка во борбата против терористичките организации ДЕАШ, Фронтот Нусра и Ал Каеда или пак сите останати поединци, групи, иницијативи и формации како и нивното уништување.

 



Слични вести