Денес во Анкара почнува трилатералниот состанок меѓу Турција, Русија и Иран посветен на Сирија

Во декларацијата се очекува да се потенцира на заедничките ставови кои беа објавени и во претходните декларации

944042
Денес во Анкара почнува трилатералниот состанок меѓу Турција, Русија и Иран посветен на Сирија

Состанокот ќе се одржи во претседателскиот дворец Бештепе со учество на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рохани.

Според дипломатски извори, вчера се состанаа високите бирократи на трите земји кои работеа на подготвувањето на заедничката декларација кој се планира да се објави по состанокот.

Во декларацијата се очекува да се потенцира на заедничките ставови кои беа објавени и во претходните декларации како што се продолжување на примирјето во Сирија, зачувување на територијалниот интегритет на Сирија и спречување на прекршувањето на примирјето во Сирија.

Предлозите кои ќе бидат изнесени од високите бирократи на земјите учеснички на состанокот во врска со новите чекори кои што се планира да се преземат, денес ќе бидат изнесени на состанокот на министрите за надворешните работи на Турција, Русија и Иран.

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на денешниот утрински состанок заедно со рускиот колега Сергеј Лавров и иранскиот колега Џевад Зариф ќе ги разгледаат предлозите.

Нацрт-декларацијата што ќе се усвои на состанокот на министрите за надворешни работи се очекува да биде одобрена и од страна на лидерите.

Во рамките на трилатералниот состанок се очекува претседателот Ердоган да оствари и билатерална средба со иранскиот претседател Хасан Рохани.

Освен билатералните средби во рамките на состанокот ќе бидат разменети мислења и во врска со регионалните и меѓународни прашања и проблеми.



Слични вести