Ердоган: Дилерите на дрога во училиштата, ќе добиваат поголема казна од убијците

„Со новиот закон кој го подготвуваме ќе воведеме казни за дилерите кои ќе бидат повисоки од оние изречени за убиство на човек. Предлог-законот ќе влезе во парламентот денес или утре“, соопшти Ердоган

943134
Ердоган: Дилерите на дрога во училиштата, ќе добиваат поголема казна од убијците

Претседателот Реџеп Таип Ердоган, изјави дека младите кои не ја знаат својата историја и културното богатство не може да бидат гарант за светла иднина на нацијата и на земјата.

Во медресата „Акиф Инан“ во истанбулскaта населба Башакшехир, се одржа церемонија по повод завршувањето на проектот за изградба на 80 училишта и 59 училишни сали во Истанбул, а на собирот се обрати претседателот Ердоган, кој ја истакна важноста на квалитетот на образованието за иднината на нацијата и државата.

Укажувајќи на остварениот годишен економски раст од 7,4 отсто и годишниот извоз од рекордни 160 милијарди долари, Ердоган рече дека Турција решително прави чекори и во согласност со сопствената визија станува сè повлијателен регионален и глобален фактор.

„Нашето образование и воспитување игра важна улога на овој пат. Се разбира дека е голем успех тоа што сме го постигнале и дека не е за потценување позицијата во која се наоѓаме. Сепак, сметам дека сè уште не го постигнавме посакуваното ниво на развој во областа на образованието и културата“, рече Ердоган.

Тој најави дека револуцијата на турскиот образовен и воспитен систем во наредниот период ќе ја зафати сржта и суштината на овој сектор, во кој досега има направено многу за подобрување на инфраструктурното унапредување.



Слични вести