Воздушна операција на ТВС против терористичката организација ЈПГ/ПКК во околината на Африн

ТВС во рамките на контролата на подрачјето утврдија група приврзаници на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во планинското подрачје во Раџу северно од Африн

942524
Воздушна операција на ТВС против терористичката организација ЈПГ/ПКК во околината на Африн

Борбените авиони на Турските воздушни сили (ТВС) извршија воздушна операција против приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК на планинското и руралното подрачје во околината на Африн.

Според информацијата на дописникот на новинската агенција Анадолија, ТВС во рамките на контролата на подрачјето утврдија група приврзаници на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во планинското подрачје во Раџу северно од Африн.

Врз база на тоа, борбените авиони на ТВС извршија воздушна операција на утврдените цели во планинското подрачје.

На 18 март, Туските вооружени сили и Слободната сириска армија Африн го исчистија од терористите. Продолжуваат активностите за пребарување на терористите на ЈПГ/ПКК кои во рамките на операциите беа приклештени во планинското подрачје.



Слични вести