Во експлозија на мина во Африн загина еден цивил

Во експлозијата беа повредени и тројца војници

942287
Во експлозија на мина во Африн загина еден цивил

Во експлозија на мина во Африн загина еден турски цивилен персонал.

Во рамките на операцијата „Маслиново гранче“ на Турските вооружени сили во Африн, во експлозија на мина загина еден турски цивилен персонал кој беше задолжен во воено возило.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на Генералштабот, во експлозијата на мината која беше поставена на патот во близината на Кестеле Хидирја во Африн, во военото возило кое поминуваше загина еден цивилен персонал.

Во експлозијата беа повредени и тројца војници.

На Големиот турски народ му изразуваме длабоко сочувство по повод овој тажен настан кој предизвика голема тага. На семејството на шехидот му изразуваме Божја милост. Турските вооружени сили на Големиот турски народ му изразува сочувство и трпение, додека на повредените војници волја што побрзо да оздрават.



Слични вести