Ердоган му се заблагодари на косовскиот претседател Хашим Тачи

Борбата против тероризмот на Турција прерасна во глобална борба

942518
Ердоган му се заблагодари на косовскиот претседател Хашим Тачи

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган му се заблагодари на косовскиот претседател Хашим Тачи за ставот против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, додека остро реагираше кон премиерот Рамуш Харадинај.

Во говорот на градскиот конгрес на АК партијата во Хатај, претседателот Ердоган се осврна на приведувањето на 6-те приврзаници на терористичката организација ФЕТО во Косово и нивното донесување во Турција.

Ердоган остро реагираше на изземањето на премиерот на министерот за внатрешни работи и шефот на разузнавачката служба од функцијата.

Борбата против тероризмот на Турција прерасна во глобална борба, рече Ердоган.

Турската национална разузнавачка служба (МИТ) ги спакува 6-те приврзаници на ФЕТО и ги донесе. Операцијата на Косово нема да биде ниту прва ниту последна. На косовскиот претседател му благодарам, додека премиерот го осудувам. Без оглед на тоа каде и да бегаат, ние секогаш ќе ги следиме и нема да им дадеме да здивнат, рече Ердоган.

Претседателот Ердоган се осврна и на апсењето на грчките војници во Едирне кои ја преминаа турската граница и реакциите на западните зеји во врска со случајот.

„Фативме двајца грчки војници кои по илегален пат ја преминаа турската граница. Цела Европа се крена на нозе. Што ќе рече правосудството, така ќе бдие. Зарем вие имате правосудство, а Турција нема ли? Што не му рековте нешто на грчкиот премиер Алексис Ципрас во врска со терористите кои по обидот за државен удар на 15 јули 2016 година побегнаа во Грција“ рече Ердоган.



Слични вести