Јилдирим го посети гробот на Алија Изетбеговиќ

Премиерот Бинали Јилдирим кој престојува во Босна и Херцеговина го посети гробот на првиот претседател на Босна и Херцеговина Алија Изетбегович во Ковачи

941132
Јилдирим го посети гробот на Алија Изетбеговиќ

Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим кој престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина денес го посети гробот на првиот претседател на Босна и Херцеговина Алија Изетбегович во Ковачи.

Пред тоа премиерот Јилдирим одржа средба со претседателот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ и со Хусеин Кавазовиќ претседател на Исламската верска заедница на БиХ.

По посетата на  гробот на првиот претседател на Босна и Херцеговина Алија Изетбегович во Ковачи премиерот Јилдирим го посети спомен музејот Сребреница, а потоа и бирото на ТРТ во Сараево.

Премиерот Јиллдрим таму беше пречекан од генералниот директор на ТРТ Ибрахим Ерен.

Нешто потоа премиерот Јилдирим клањаше џума намаз во џамијата Гази Хурев Бег во Сараево а потоа оствари прошетка во чаршијата каде разговараше со граѓаните кои срдечно го поздравуваа.

 

 



Слични вести