Ердоган: Ќе ги пронајдеме сите припадници на ФЕТО, каде и да се кријат

„Нашата разузнавачка служба, во договор со косовската разузнавачка служба, презеде шест истакнати членови на ФЕТО на Балканот ги префрли и ги предаде на нашата полиција. Кажавме и претходно, тие ќе бегаат и ние ќе ги пронајдеме“

941096
Ердоган: Ќе ги пронајдеме сите припадници на ФЕТО, каде и да се кријат

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со вчерашната акција на разузнавачките служби против припадниците на терористичката организација ФЕТО во Косово, изјави дека Турција ќе ги пронајде сите припадници на ФЕТО, каде и да се кријат, а потоа ќе одговараат.

„Нашата разузнавачка служба, во договор со косовската разузнавачка служба, презеде шест истакнати членови на ФЕТО на Балканот ги префрли и ги предаде на нашата полиција. Кажавме и претходно, тие ќе бегаат и ние ќе ги пронајдеме. Каде и да се наоѓаат, ќе ги донесеме. А потоа ќе одговараат“, порача Ердоган.

„Оние што на највиско ниво ги примаат припадниците на терористичките организации, кои од претходно непречено дејствуваат во нивните земји, мора да знаат дека тоа нема друго значење, освен искажување непријателство кон Турција“, изјави Ердоган.

На зборовите на Макрон дека се надева дека Франција би можела 'да посредува и да помогне за воспоставување дијалог меѓу СДФ и Турција', Ердоган порача:

„Изјавата „можеме да бидеме посредници меѓу Турција и СДФ“, доколку е точна, укажува дека лицето што ја изговорило ја надминува секоја мерка“, и додаде: „Вие можете да седите на иста маса со терористите, но Турција борбата против терористите ја води на начин како што ја води во Африн“.

Тој додаде дека Франција поради ваквиот став за тероризмот, го изгубила правото да се пожали на каква било терористичка активност.

„Видовме дека нивни пријатели се ЈПГ, неморални терористи со крвави раце, кои се најголеми непријатели на човештвото. Франција, по ваквиот став, го загуби правото да се пожали на која било терористичка организација, или терорист и терористички напад. Оние што соработуваат со терористите, што ги примаат во своите палати, порано или подоцна ќе ја сфатат својата грешка", порача Ердоган.

Зборувајќи за борбата против тероризмот, турскиот претседател изјави дека започнале со подготовки регионите кон границата со Ирак, Кобани, Тел Абјад, Рас ал Ајн и Хасеке, да ги исчистат од терористите.

Ердоган зборуваше и во врска со вчерашната акција на разузнавачките служби против припадниците на терористичката организација ФЕТО во Косово.

„Нашата разузнавачка служба, во договор со косовската разузнавачка служба, презеде шест истакнати членови на ФЕТО на Балканот, ги префрли и ги предаде на нашата полиција. Кажавме и претходно, тие ќе бегаат, а ние ќе ги пронајдеме. Каде и да се наоѓаат, ќе ги донесеме. А потоа ќе одговараат“, порача Ердоган.



Слични вести