Го одбиваме несериозниот приод за посредување

Ставот на Турција кон ПКК/ПЈД/ЈПГ која преку Сириските демократски сили се обидува да се стекне со легитимност е јасен

940768
Го одбиваме несериозниот приод за посредување

Ибрахим Калин, портпаролот на кабинетот на претседателот во врска со барањето на Франција за посредување меѓу Сириските демократски сили и Турција рече:

„Го одбиваме несериозниот приод за посредување“.

Ибрахим Калин преку профилот на социјалната мрежа твитер остро реагираше на предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за посредување меѓу Сириските демократски сили и Турција. Претходно Макрон оствари средби со претставниците на ССГ под чие покровителство се собрани приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, сириската фракција ЈПГ и ПЈД.

Ставот на Турција кон ПКК/ПЈД/ЈПГ која преку Сириските демократски сили се обидува да се стекне со легитимност е јасен.

Турција го одбива дијалогот, контактот, посредувањето со наведените терористички организации, бидејќи сметаме дека истите се несериозни. Пријателските и сојузнички земји наместо да се ангажираат за стекнување со легитимност на терористичките структуирања, многу подобро ќе биде да покажат јасен и отворен став против сите видови на тероризмот. Различните имиња и позиции по кои се обидуваат да се скријат, не можат да го сокријат вистинскиот идентитет на терористичката организација, рече Калин.



Слични вести