Бинали Јилдирим во Сараево: „Го поддржуваме членството на БиХ во НАТО“

Јилдирим допатува до Сараево, во рамките на дводневната посета на БиХ, што претставува негова прва официјална посета на БиХ.

940669
Бинали Јилдирим во Сараево: „Го поддржуваме членството на БиХ во НАТО“

Премиерот Бинали Јилдирим, денес по состанокот со претседавачот на Советот за министри на БиХ, Денис Звиздиќ, во Сараево порача дека Турција, како што правела и претходно, ќе го поддржува членството на БиХ во НАТО. Исто така, Турција ќе пружи поддршка на БиХ, но и на другите земји на регионот, и кога станува збор за остварување на целите на патот кон полноправно членство во ЕУ.

Јилдирим допатува до Сараево, во рамките на дводневната посета на БиХ, што претставува негова прва официјална посета на БиХ. По состанокот со Звиздиќ, Јилдирим зборуваше на заедничката прес-конференција.

 Јилдирим истакна дека односите на Турција и БиХ имаат длабоки корени, но исто така и убава иднина.

„Продолжението на одржлив мир и стабилност на Балканот е поврзано со односите на БиХ и Турција, но исто така и со другите земји на регионот. Турција од самиот почеток вложува напори и прави чекори за да има уште подобри односи со БиХ“, изјави Јилдирим.

Тој додаде дека сите показатели потврдуваат дека Турција е меѓу десетте најзначајни партнери на БиХ.

„Турција го поддржува членството на БиХ во НАТО, бидејќи БиХ и Турција најдобро знаат што значи мир. За никогаш да не се повторат претходните болки, Турција, како што тоа го правеше и претходно, и во наредниот период ќе го поддржува членството на БиХ во НАТО. Исто така, нашата земја ја поддржува БиХ, но и другите земји од регионот, и кога станува збор за остварување на целите кон полноправно членство во Европската Унија“ рече Јилдирим.

Тој потсети дека Турција во јули 2016 година беше соочена со обидот за државен удар, зад кој стои терористичката организација ФЕТО, и дека БиХ е една од првите земји кои ја поддржаа Турција. Заблагодарувајќи и се на Босна и Херцеговина и на народот на оваа земја, Јилдирим предупреди дека ФЕТО е глобална организација, која работи во 160 земји и дека дејствува и во БиХ.

Осврнувајќи се на борбата против тероризмот, која Турција ја води на подрачјето на Сирија и Ирак, Јилдирим рече дека Турција со оваа борба не само што ги штити своите граѓани и држава, туку дека тоа е значајно и за безбедноста на целата територија на Европа.



Слични вести