Да се надеваме дека тешкиот период во односите Турција-ЕУ го оставивме зад нас

Претседателот Реџеп Таип Ердоган, изрази надеж дека тешкиот период во односите Турција-Европската е оставен во минатото.

938270
Да се надеваме дека тешкиот период во односите Турција-ЕУ го оставивме зад нас

Претседателот Реџеп Таип Ердоган, изрази надеж дека тешкиот период во односите Турција-Европската е оставен во минатото.

„Да се надеваме дека тешкиот период во односите Турција-ЕУ го оставивме зад нас“, рече Ердоган.

Претседателот Ердоган истакна дека на Самитот на лидери на Турција и Европската Унија во Варна е направен првиот чекор во однос на повторното воспоставување на довербата меѓу Турција и ЕУ.

„Се надевам дека денес, на ова место, сите ние заедно направивме прв чекор во однос на повторното воспоставување на довербата меѓу нас и ЕУ. Меѓутоа, не е доволно да се каже дека го направивме овој чекор, сега треба да се направи конкретен чекор“, рече Ердоган.

Говорејќи на самитот на лидери на Турција и ЕУ во Варна претседателот Ердоган рече дека би било голема грешка доколку Европската унија која претендира да се претвори во глобална сила ја изолира Турција и да ја остави настрана од процесот на проширувањето.

Претседателот Ердоган во продолжение на својот говор се осврна на кризата со бегалците, на кипарското прашање, војната во Сирија, борбата против тероризмот ,воедно упати апел до Европската унија да соработува со Турција на Балканот.



Слични вести