Воздушна операција на ТВС на камповите на терористичката ПКК на северот на Ирак

Бројот на терористите кои беа неутрализирани од 10 март, кога почна операцијата на северот на Ирак се зголеми на 50

935096
Воздушна операција на ТВС на камповите на терористичката ПКК на северот на Ирак

Во рамките на воздушната операција на Турските вооружени сили (ТВС) на камповите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на северот на Ирак беа неутрализирани 9 терористи кои се подготвуваа за напад на нашите воени единици.

Според безбедносни извори, операцијата која ТВС  ја започнаа на 10 март врз камповите на терористите на ПКК на другата страна на границата на населеното место Јуксекова кај Хакќари продолжува со голема решителност и поддршка на воздушните сили.

Во операцијата која се раководи од страна на безбедносните сили во подрачјето Хакурк, терористите кои се подготвуваа да извршат напад на воената единица, беа утврдени од страна на беспилотните летала.

Во воздушниот напад кој беше извршен на наведеното подрачје беа неутрализирани 9 терористи.

На тој начин, бројот на терористите кои беа неутрализирани од 10 март, кога почна операцијата на северот на Ирак се зголеми на 50.



Слични вести