Во надворешниот хард диск на грчките војници откриени воени скици

Заврши дел од истрагата на дигиталните материјали на грчките воени лица кои беа фатени од страна на турските војници

935500
Во надворешниот хард диск на грчките војници откриени воени скици

Во надворешниот хард диск на двајцата грчки војници кои беа фатени во Едирне откако ја поминаа турската граница беа откриени воени скици.

Заврши дел од истрагата на дигиталните материјали на грчките воени лица потпоручникот Агелос Митретодис и подофицерот Димитрос Куклацис кои на 2 март беа фатени од страна на патролата на „Граничните орли“ како што се нарекуваат граничните екипи на командата на 54-та механизирана пешадиска бригада во близината на Пазаркуле.

Двата мобилни телефони со кои снимаа грчките војници кои беа фатени, како и крипто телефонот кој се користи во воените комуникации и надворешниот хард диск беа испратени до надлежните единици на испитување.

По испитувањето на надворешниот хард диск беше утврдено дека содржеле воени скици. Продолжува испитувањето на дигиталните материјали.



Слични вести