Командантот на 2. армија генерал Исмаил Темел го посети Африн

Командантот на 2. армија генерал полковник Исмаил Метин Темел ги посети единиците во составот на воената операција Маслиново гранче во Африн.

934226

Генерал Темел во текот на обиколката на единиците им издаде дополнителни наредби и на лице место ги надгледуваше активностите за делење на пакетите со храна на жителите на Африн.

Генерал Темел се задржа и во разговор со жителите на градот и им рече: Сите ние сме браќа, сите независно од тоа дали сме Турци, Арапи, Курди, Аџеми и други. Ви пожелувам мирен живот во градот заедно со сите негови жители, и посакувам да бидете пример и за останатите. Република Турција ќе продолжи со пружање на секаква поддршка на жителите од овој дел на регионот. За кусо време со големите промени кои ќе настапат и самите ќе бидете сведоци за тоа дека Турција е секогаш до оние кои имаат потреба од помош.

Во меѓувреме во организација на Турските вооружени сили и АФАД, владина канцеларија за природни и хумани катастрофи на жителите на 35 села околу Африн им беше делена хуманитарна помош.

Слични вести