Калин:Во Африн веќе ги нема ПЈД/ПКК и ДЕАШ, само суверенитетот на локалните жители

Портпаролот на претседателството на Република Турција, Ибрахим Калин, истакна дека турските сили ќе го предадат Африн на жителите на градот, како што постапија и минатата година по операцијата „Штитот на Еуфрат“ во Сирија.

933565
Калин:Во Африн веќе ги нема ПЈД/ПКК и ДЕАШ, само суверенитетот на локалните жители

Портпаролот на претседателството на Република Турција, Ибрахим Калин, истакна дека Турција во последно време водела интензивни преговори со Соединетите Американски Држави во врска со Мунбич, град во Сирија.

„Дојдовме до одреден општ договор околу тоа. Сега очекуваме овој договор и да се спроведе. Доколку се спроведе, нема да се конфронтираме со САД“, изјави Калин за Al Jazeera English , напоменувајќи дека е важно САД да започнат со преместување на терористите кои се наоѓаат источно од Еуфрат.

Тој истакна дека турските сили со влезот во Африн завршија многу важен дел од операцијата „Маслиново гранче“.

„Следниот чекор е воспоставување безбедност на тоа подрачје бидејќи во некои делови од градот сè уште има мини и рачно изработени експлозивни направи. Сите војници и припадници на Слободната сириска војска сакаат локалното население да се чувствува безбедно“, рече Калин.

Тој додаде дека турските сили ќе го предадат Африн на жителите на градот, како што постапија и минатата година по операцијата „Штитот на Еуфрат“ во Сирија.

„Всушност, она што се случи таму во текот на седумгодишната војна, никаде на друго место не е забележано. Поточно, околу 50.000 луѓе веќе се вратија во своите домови. Тоа беа сириски бегалци кои живееја во Турција. Се вратија во своите домови откако беше воспоставена безбедноста. Сега, тука повеќе ги нема ПЈД/ПКК, ДЕАШ и сирискиот режим, туку само суверенитетот на локалното население. Очекуваме да се вратат во Африн оние кои поради нападите на режимот и на ПЈД/ПКК мораа да избегаат“, рече Калин.

Тој додаде дека Турција веќе подготвила план за враќање на жителите и нивно останување во градот Африн.

„Ако ја погледнете ситуацијата во којашто се наоѓа Африн откако е ослободен, како и Мосул и Рака по нивното ослободување, ќе се забележат јасни разлики. Градот Африн е сочуван во својата првобитна состојба. Ние не го бомбардиравме градот. Турските вооружени сили и Слободната сириска војска беа крајно внимателни да нема цивилни жртви и да не бидат оштетени храмовите и историските објекти“, рече Калин.

 



Слични вести