Калин: Јасна порака до терористичките организации

Портпаролот на Турското претседателство, Ибрахим Калин, говорејќи за воспоставувањето контрола над центарот на Африн, изјави дека тоа претставува јасна порака која им се испраќа на терористичките организации.

932873

Тој на социјалната мрежа Твитер (Twitter) потсети дека операцијата „Маслиновo гранчe“ е организирана под раководство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и дека со ослободувањето на центарот на Африн од терористите, завршена е важна фаза од операцијата.

Калин порача дека безбедносните и хуманитарните акции се во тек.

„Нашите вооружени сили уште еднаш ја покажаа својата сила и карактер. Јасна е пораката до терористичките организации и до целиот свет: Турција ќе продолжи решително да чекори по патот на безбедноста, стабилноста и правдата. Осумнаесетти март, духот на Чанаккале е непоколеблив, дури и по 103 години“, порача Калин.

Слични вести