Ибрахим Калин за ТРТ: 70 посто од целокупното подрачје на Африн е безбедно

Портпаролот на кабинетот на претседателот на државата, Ибрахим Калин, во интервју за турската радио и телевизија ТРТ рече дека 70 посто од целокупното подрачје на Африн, Сирија е безбедно.

930504

Осврнувајќи се на воената операција Маслиново гранче на која се остварува во Африн,северот на Сирија од страна на турските вооружени сили, Ибрахим Калин рече дека постоеја намери Африн да се претвори во нов Кандил( база на терористичката организација ПКК во северот на Ирак) но тоа на успешен начин го спречи турската армија преку реализацијата на воената операција Маслиново гранче во Африн.  Обрачот околу терористите се повеќе се стеснува, така да во кусо време сите терористи од централното подрачје на Африн ќе бидат протерани.

Подвлекувајќи дека воената операција Маслиново гранче се одвива според планот, Ибрахим Калин рече дека моментално над 70 посто од целокупното подрачје на Африн е безбедно.

Слични вести