Чавушоглу ја откажа посетата на САД закажана за 19 март годинава.

Инаку на дневен ред на разговорите на Чавушоглу во САД се наоѓаа прашања посветени на градот Менбич во Сирија

930098
Чавушоглу ја откажа посетата на САД закажана за 19 март годинава.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја откажа посетата на САД закажана за 19 март годинава.

Инаку на дневен ред на разговорите на Чавушоглу во САД се наоѓаа прашања посветени на градот Менбич во Сирија кој инаку е под окупација на терористичката организација ПЈД/ЈПГ воено крило на терористичката организација ПКК во Сирија.

Веста за откажување на посетата на министерот Чавушоглу на САД ја соопшти Хами Аксој портпарол на МНР на Турција.

Како што е познато министерот Чавушоглу вчера во Москва во рамките на 6. состанок на турско-руската група за стратегиско планирање  се состана со рускиот колега Сергеј Лавров.Чавушоглу по средбата со Лавров рече дека моментално се разговара за тоа што да се прави околу закажаниот состанок за Менбич на 19 март во САД, особено по смената на сега веќе екс американскиот државен секретар за надворешни работи Рекс Тилерсон.

Како што е познато американскиот претседател Доналд Трамп преку својот Твитер профил во вторникот соопшти дека го разрешува актуелниот државен секретар за надворешни работи Рекс Тилерсон и дека на негово место го попставува шефот на ЦИА Мајк Помпео а пак на местото на Помпео ја поставува Џина Чери Хаспел.

Трамп додаде дека одлуката ја донесол самиот и дека постоело разијдување во ставовите меѓу него и Тилерсон околу договорот со Иран за нуклеарната програма на оваа земја.

 



Слични вести