Со операцијата „Маслиново гранче“ областа ќе ја исчистиме и од ДЕАШ а не само од ПКК

Семејствата кои побегнаа од Африн кој се наоѓа под окупација на  ПКК/ПЈД-КЏК се засолнуваат во подрачјето Еуфратски штит

927904
Со операцијата „Маслиново гранче“ областа ќе ја исчистиме и од ДЕАШ а не само од ПКК

Oперацијата „Маслиново гранче“ на Турските вооружени сили (ТВС) има за цел да ја исчисти областа и од ДЕАШ, а не само од сепаратистичко-терористичката организација ПКК, рече началникот на Генералштабот (ГШ) генерал на армија Хулуси Акар.

Во рамките на официјалната посета на Катар, началникот на ГШ Акар во изјавата за печатот во врска со операцијата „Маслиново гранче“ на ТВС во Африн во Сирија која започна на 20 јануари рече дека цел на операцијата е да се неутрализираат терористите на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ (ИСИЛ) во Африн, пријателскиот и братски народ на регионот да се ослободи од репресиите и зулумите на режимот и да се воспостави мир и стабилност.

Акар рече дека основна цел на војската е да ја исчистиме областа од терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ. Не само од наведената туку и од ДЕАШ (ИСИЛ).

Семејствата кои побегнаа од Африн кој се наоѓа под окупација на  ПКК/ПЈД-КЏК се засолнуваат во подрачјето Еуфратски штит. Со операцијата областа се чисти од терористичката организација ДЕАШ (ИСИЛ). Терористите на ДЕАШ ја менуваат облеката и се приклучуваат во редовите на ПКК. Во рамките на операцијата беа приведени околу 60 терористи, додека повредените терористи беа хоспитализирани.

Во рамките на операцијата во координација со хуманитарната организација Црвена полумесечина и Управата за елементарни непогоди и итни состојби при Владата (АФАД) преземаме заеднички хуманитарни активности, рече генералот Акар.



Слични вести