Ердоган: „Во текот на операцијата во Африн, под контрола се ставени 950 км2“

Претседателот, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турските сили и Слободната сириска армија, досега, за време на антитерористичката операција во Африн, ослободиле 950 км2

927436
Ердоган: „Во текот на операцијата во Африн, под контрола се ставени 950 км2“

Претседателот, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турските сили и Слободната сириска армија, досега, за време на антитерористичката операција во Африн, ослободиле 950 км2.

„Досега, под контрола се ставени 950 км2“, изјави турскиот претседател за време на 6. Конгрес на Партијата за правда и развој во црноморската област Болу.

Ердоган рече дека тековната операција не е со цел окупирање на регионот, туку ослободување од терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, и предавање на областа на лицата кои живеат таму.

„Жителите започнаа да се враќаат во Африн“, рече Ердоган.

Турскиот претседател изјави дека од почетокот на операцијата „Маслиново гранче“, досега, неутрализирани се вкупно 3.300 терористи на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ.

Ердоган рече дека со Сирија, Турција дели граница од 911 километри (566 милји), додавајќи дека таа била нападната од двете терористички групи и од сирискиот режим.

„Со овие случувања во Сирија, кога вие, земји од НАТО, ќе застанете на наша страна?“, запраша тој.

Во средината на февруари, Турција одбележува 66 години членство во НАТО.

Според Повелбата на НАТО, напад врз една од земјите-членки на Алијансата е напад врз сите нив.

Од почетокот на операцијата, Турските сили и Слободната војска на Сирија ослободија 176 локации, вклучувајќи пет центри на градот, 140 села и 31 стратешка област.

Врз основа на Меѓународното право за самоодбрана и Резолуцијата на ОН за борбата против тероризмот, Турските сили ја спроведуваат операцијата со приоритетна грижа за тоа подрачје.

Соочени со големи губитоци и стегнати во сè потесен обрач, терористите на ЈПГ/ПКК во центарот на Африн ги блокираат цивилите за во продолжение на операцијата да ги користат како жив штит.



Слични вести