Бројот на загинатите во авионската несреќа на приватниот авион на „Башаран Холдинг“ се зголеми на 8

Екипата од 8 планинари за пребарување и спасување во 03.00 часот според локално време ги утврдиле посмртните остатоци на 8 лица

927361
Бројот на загинатите во авионската несреќа на приватниот авион на „Башаран Холдинг“ се зголеми на 8

Бројот на загинатите во авионската несреќа на приватниот авион на „Башаран Холдинг“ во Иран се зголеми на 8

Потпретседателот на единицата за пребарување и спасување на хуманитарната организација Црвена полумесечина Риза Захири одговорен за провинциите Чахармахал и Бахтијари во интервјуто за иранската агенција ИРНА рече дека екипата од 8 планинари за пребарување и спасување во 03.00 часот според локално време ги утврдиле посмртните остатоци на 8 лица.

2 од труповите не можеа да се утврдат поради тоа што беа изгорени и распарчени, додека продолжуваат активностите за пребарување и спасување на уште едно лице.

Кадемали Мердани директорот на кризната маса за месноста Кијар во интервјуто за агенцијата рече дека приватниот турски авион кој полета од Обединетите Арапски Емирати и патуваше за Истанбул, падна во околината на месноста Кијар во провинцијата Чахармахал и Бахтијари во југоисточниот дел на земјата и загинаа 11 лица од кои 3 членови на екипажот.

Меѓу 8-те патници на приватниот авион кој бараше дозвола за слетување поради технички дефект се наоѓаше и ќерката на бизнисменот Башаран.



Слични вести