ТВС се на прагот на влезот во Африн

Ние на овие територии не се наоѓаме за окупација

926408
ТВС се на прагот на влезот во Африн

Претседателот Реџеп Тајип Еродган рече дека Турските вооружени сили (ТВС) се наоѓаат на прагот на влезот во центарот на Африн во Сирија.

Во говорот на Политичката академија на Партијата за правда и развој (АКП) во Анкара претседателот Ердоган рече дека бројот на терористите кои се неутрализирани во рамките на операцијата „Маслиново гранче“ на ТВС ви Африн изнесува 3 1717.

Моменталната цел на операцијата е Африн, Пристигнавме до една добра позиција. Центарот на Африн е обиколен. Секој момент може да велземе во центарот на Африн.

Ние на овие територии не се наоѓаме за окупација. Нашата цел е да ги исчистиме овие територии од оние кои што сакаа да ги окупираат и да им ги предадеме на вистинските сопственици.

Турските вооружени сили ослободија и зедоа под контрола површина од 815 км квадратни површина. Во првата етапа планираме да земеме под контрола околу 2 илјади км квадратни и овие територии да им ги предадеме ма жителите на Африн кои ќе се вратат во своите домови.

Светот уште еднаш имаше можност да види како терористичките организации цивилното население го користат како жив штит, а исто така како ги убиваат децата пред родителите.

Ако ние не ги уништиме терористите во Африн, тогаш истите овие терористи планираа да дојдат во Турција и своите акции да ги остварат на нашите територии. Никој да не се залажува. Прашањето во Сирија не е обид да се заштити правото на одреден дел од општеството. Денес сме во Африн, утре ќе бидеме во Мунбич. Следниот ден источно од реката Еуфрат кон границата со Ирак целата област ќе ја исчистиме од терористите, рече претседателот Ердоган.



Слични вести