Операцијата „Маслиново гранче“ започна само за чистење на регионот од терористите

Како што го исчистивме Џераблус од терористите, исто така планираме и Африн да го исчистиме

925712
Операцијата „Маслиново гранче“ започна само за чистење на регионот од терористите

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека операцијата „Маслиново гранче“ во Африн во Сирија започна само за чистење на регионот од терористите.

Во говорот на програмата што беше одржана од страна на Министерството за семејни и социјални политики во Културниот и конгресен центар Бештепе во Анкара, претседателот Ердоган рече дека бројот на терористите кои се неутрализирани во операцијата „Маслиново гранче“ на Турските вооружени сили од 20 јануари наваму изнесува 3089.

Како што го исчистивме Џераблус од терористите, исто така планираме и Африн да го исчистиме и да му го предадеме на неговите сопственици., рече Ердоган потенцирајќи дека во Африн ќе се вратат најмалку 150 илјади а можеби и 200 илјади жители. На површината од околу 2 илјади квадратни километри кога ќе ја преземеме под наша контрола, ќе се населат браќата од Африн. Ние не влеговме за окупација на овие територии.

Целите на операцијата се очигледни и нема да застанеме.

На прашањето на Америка и Запад: „Што барате во Африн?“ претседателот Ердоган одговори: „Должината на нашата граница со Сирија изнесува 910 км. Постојано сме изложени на провокативните напади на терористите. Вие сте формирале 20 бази. Што работа имате вие во Северна Сирија? Донесовте 5 илјади камиони полни со оружје? Против кого? Велите дека го исчистивте ДЕАШ (ИСИЛ). Тогаш зошто ви е потребно ова оружје и против кого? Да не го носите против нас? Нас не можете да не исплашите со оваа технологија и со сето оружје што го донесовте“ рече Ердоган.



Слични вести