Турција нема да се откаже од барањето за екстрадиција на терористот Салих Муслим

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денес ќе се состане со германскиот колега Сигмар Габриел

923421
Турција нема да се откаже од барањето за екстрадиција на терористот Салих Муслим

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека поранешниот копретседател на терористичката организација ПЈД/ПКК ќе биде следен каде и да оди.

Министерот Чавушоглу одговараше на прашањата на новинарите во врска со актуелните случувања.

На едно прашање во врска со екстрадицијата на Салих Муслим, министерот Чавушоглу рече дека продолжуваат иницијативите на тоа поле, потенцирајќи дека денес 6 март во Германија ќе одржи средба со германскиот колега Сигмар Габриел.

На средбата ќе разговараме и за екстрадицијата на Муслим, рече Чавушоглу потенцирајќи:

Нашите напори не се ограничени само со Чешка и Германија. Нема да се откажеме од барањето за екстрадиција на Салих Муслим. Во Турција има судски одлуки. Во Турција има одлуки за негово апсење како одговорен за терористички напади. Во врска со прашањето продолжуваат активностите на министерството за правда, министерството за внатрешни работи и инволвираните единици под координација на Министерството за надворешни работи. Никогаш нема да се откажеме од барањето за негова екстрадиција. Каде и да оди ние постојано ќе го следиме. Ќе ја бараме неговата екстрадиција од сите земји каде што ќе оди.



Слични вести