Нема отстапки во врска со Ерусалим

Односите меѓу Турција и Мавританија ќе се засноваат на принципот вин-вин

920398
Нема отстапки во врска со Ерусалим
erdogan moritanya.jpg

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека „Во врска со Ерусалим Турција нема да отстапи од ставот што го застапува“.

Во рамките на официјалната посета на Мавританија, претседателот Ердоган синоќа учествуваше на свечената вечера во претседателскиот дворец што беше приредена во негова чест од страна на мавританскиот колега Мухамед Велед Абдулазиз.

По вечерата, претседателот Ердоган заедно со мавританскиот претседател Мухамед Велед Абдулазиз пред да отпатува за Сенегал, третата дестинација од турнејата по Западна Африка, на аеродромот Нуакшот одржаа прес конференција.

Ердоган во оваа прилика потенцираше дека односите меѓу Турција и Мавританија ќе се засноваат на принципот вин-вин и особено го поттикнале турскиот приватен сектор да ги зголеми инвестициите.

„Во декември министерот за економија Нихат Зејбекчи заедно со бизнисмените  престојуваше во посета на Мавританија. Денес министерот Зејбекчи заедно со турските бизнисмени одржаа состанок со претставниците на деловниот свет на Мавританија“ рече претседателот Ердоган.

„Во последно време особено голема раздвиженост се забележува во областа на риболовот. Сеуште над 40 наши рибарски бродови ловат по морињата на Мавританија која исто така располага со богат потенцијал на рударство. Турција има сериозни искуства на тоа поле. Се надеваме дека ќе имаме можност да соработуваме на тоа поле со мавританските браќа.

Во претстојниот период планираме да го одржиме и првиот состанок на Мешовитата економска комисија. Денес двете земји потпишавме низа различни договори за соработка и протоколи во сферата на туризмот, земјоделството, економијата, рударството. Истите уште повеќе ќе ја зајакнат нашата соработка.

Еден друг значаен показател за порастот на нивото на економските односи меѓу двете земји се летовите што ги започна турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ за Нуакшот.

Изразивме желба за споделување на искуствата во сферата на одбранбената индустрија со Мавританците.

Турција во последно време оствари значајни потфати на тоа поле. Несомнено дека Турција е една од предводничките земји кои најдобро ја сфаќаат заканата од тероризмот на крајбрежните земји. Мината недела објавивме дека на Заедничките крајбрежни сили Г5 кои беа формирани на иницијатива на претседателот на Мавританија ќе им обезбедиме придонес од 5 милиони долари“ рече Ердоган.



Слични вести