Остро ја осудуваме окупацијата на азербејџанските територии која трае над четврт век

Како последица на агресивноста на Република Ерменија и окупацијата на азербејџанските територии над еден милион азербејџански браќа и натаму продолжуваат да живеат во бегство

918036
Остро ја осудуваме окупацијата на азербејџанските територии која трае над четврт век

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека остро ја осудуваме окупацијата на околу 20 посто на азербејџанските територии која трае над четврт век.

Во пораката по повод 26-та годишнина од масакрот во Хоџали премиерот Јилдирим рече дека во нападот на ерменските воени единици на 26 февруари 1992 година врз градот Хоџали во азербејџанската област Нагорно Карабах кои територии сеуште се наоѓаат под окупација, на брутален начин беа убиени 106 жени, 63 деца и 70 возрасни, вкупно 613 невини азербејџански граѓани, додека 1275 лица беа заробени.

Покрај тоа што поминаа 26 години, сеуште нема трага и глас од 150 лица, а исто така виновниците не се изнесени пред суд, рече премиерот Јилдирим потенцирајќи:

„Како последица на агресивноста на Република Ерменија и окупацијата на азербејџанските територии над еден милион азербејџански браќа и натаму продолжуваат да живеат во бегство. Турција остро ја осудува бруталноста на која беа изложени азербејџанските браќа во Хоџали како и окупацијата на околу 20 насто од азербејџанските територии која трае над четврт век. Сметаме дека е многу значајно сторителите на нападот да бидат изнесени пред суд особено од аспект на постигнувањето на правдата. Ја користам оваа прилика уште еднаш да им изразам длабоко сочувство на азербејџанските браќа и да им посакам божја милост на загинатите, а на блиските големо трпение“.



Слични вести