Турција и САД ќе ги почитуваат територијалниот интегритет и националното единство на Сирија

За изнаоѓање решение на проблемите меѓу двете земји, најдоцна до март се предвидува да се формира заеднички механизам

911992
Турција и САД ќе ги почитуваат територијалниот интегритет и националното единство на Сирија

Американскиот државен секретар за надворешни работи Рекс Тилерсон во рамките на посетата на Анкара одржа средби со претседателот Реџеп Тајип Ердоган и министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

По средбите страните објавија заедничка декларација.

Во декларацијата беше истакнато дека страните ќе бидат одлучни пред сите случувања кои ќе не стават пред свршен чин или обид за демографска промена на областа.

За изнаоѓање решение на проблемите меѓу двете земји, најдоцна до март се предвидува да се формира заеднички механизам.

Турција и САД потврдуваат дека ќе го испочитуваат територијалниот интегритет и националното единство на Сирија, беше истакнато во декларацијата.



Слични вести