Африн ќе им го вратиме на вистинските сопственици

Зарем очекуваат немо да продолжиме да ги следиме случувањата?

906453
Африн ќе им го вратиме на вистинските сопственици

„Со чистењето на сириското подрачје Африн од терористите, подрачјето ќе им го предадеме на вистинските сопственици“ рече Ердоган.

Во говорот на 45-та средба со претседателите на месните заедници, претседателот Реџеп Тајип Ердоган поголемиот дел од говорот го посвети на операцијата „Маслиново гранче“ на Турските вооружени сили (ТВС) во Идлиб во Сирија насочена против приврзаниците на терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ (ИСИЛ) која започна на 20 јануари, со цел пријателскиот и братски народ на регионот да се спаси од репресиите и зулумите на режимот.

„Во рамките на минатогодишната операција „Еуфратски штит“ на ТВС беа неутрализирани околу 3 илјади приврзаници на ДЕАШ.

Сега истото сакаме да го постигнеме и во Африн. Ќе ги решиме прашањата во врска со Африн и Идлиб и бараме браќата бегалци да се вратат во своите домови. Секако дека Турција, не може бесконечно да крие и штити околу 3,5 милиони бегалци. И тие сакаат што поскоро да се вратат во своите домови“ рече Ердоган.

Во освртот на реториките на некои земји за излегувањето на турските војници од сириските територии, претседателот Ердоган рече:

„Секако дека ги слушаме гласовите и коментарите во врска со што поскорото излегување на турските војници од сириските територии. Според нивната логика, ПКК, ДЕАШ и другите терористички организации можат да бидат присутни во “Сирија, исто така САД, Русија, Иран, Франција, Британија и низа други земји можат да бидат присутни  во Сирија. Израел кога сака може да врши операции во Сирија. Единствено Турција не може да биде присутна во Сирија со која имаме 911 км граница. Зарем може да постои такво нешто? Досега се извршени над 700 провокативни ракетни истрели и над 100 браќа загинаа. Зарем очекуваат немо да продолжиме да ги следиме случувањата?, рече претседателот Ердоган.

„Досега на САД неколкупати им предложивме да преземеме заеднички активности и борба против тероризмот, но за жал САД преферираше да преземе активности со терористите. Затоа Турција борбата против тероризмот ќе ја продолжи самостојно“ рече Ердоган.

Во врска со операцијата на ТВС во Африн, претседателот Ердоган рече дека истата продолжува многу успешно и според планот.

„Сето ова што го направивме досега не може да се третира ниту како загревање“ рече Ердоган акцентирајќи дека „уште повеќе ќе се интензивира борбата против тероризмот во претстојниот период“.



Слични вести