Визната либерализација ќе обезбеди нов интензитет на односите меѓу Турција и ЕУ

Министерството за надворешни работи денес на надлежните органи на ЕУ ќе им го достави извештајот во врска со завршените активности

905577
Визната либерализација ќе обезбеди нов интензитет на односите меѓу Турција и ЕУ

Ибрахим Калин, портпаролот на кабинетот на претседателот рече дека визната либерализација ќе обезбеди нов интензитет во односите меѓу Турција и ЕУ.

На прес конференцијата во претседателскиот дворец во врска со актуелните случувања Калин рече дека Турција ги заврши 72-та критериуми за остварување на Договорот за визна либерализација со ЕУ.

Министерството за надворешни работи денес на надлежните органи на ЕУ ќе им го достави извештајот во врска со завршените активности, додека вчера министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу оствари телефонски разговор со потпретседателот на Еврокомисијата Франц Тимерманс.

„Со остварувањето на предвидените критериуми во претстојниот период очекуваме и се надеваме да дојде до нов интензитет во односите меѓу Турција и ЕУ. Можеме да кажеме дека почнувајќи од денес започнува еден нов процес. Нашите очекувања се засноваат на што поскоро спроведување на визната либерализација согласно 72-рта критериуми кои што беа остварени. Затоа, остварувањето на визната либерализација во 2018 година ќе обезбеди нов интензитет во односите меѓу Турција и ЕУ“ рече портпаролот Калин.



Слични вести