Бројот на терористите кои се неутрализирани во Сирија се зголеми на 970

Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција коешто е засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН)

904591
Бројот на терористите кои се неутрализирани во Сирија се зголеми на 970

Бројот на терористите кои беа неутрализирани во рамките на операцијата „Маслиново гранче“ во Африн во Сирија се зголеми на 970.

Турските вооружени сили неутрализираа најмалку 970 терористи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ од почетокот на операцијата „Маслиново гранче“ во пограничното подрачје на Африн, Сирија.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Генералштабот на турската војска беше истакнато дека турските воздушни сили во текот на последните воздушни напади уништиле неколку терористички засолништа и неутрализирале најмалку 23 терористи на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ.

Од почетокот на операцијата во Африн неутрализирани се најмалку 970 терористи, а операцијата  продолжува во согласност со планираното, бепше истакнато во соопштението.

Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција коешто е засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).

Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Оттогаш, Африн стана еден од главните центри на таа терористичка организација.

Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8 000 и 10 000 терористи.

ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ. ПКК уште од средината на 1980-тите години спроведува терористичка кампања против Турција.



Слични вести