Посетата има за цел да се посочи на заедничките човечки вредности

На средбата со папата Францискус ќе размениме мислења во врска со борбата против расизмот, како и борбата против тероризмот

903462
Посетата има за цел да се посочи на заедничките човечки вредности

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека посетата на Ватикан претставува извонредна можност од аспект на привлекувањето на вниманието на светската јавност кон заедничките човечки вредности.

Пред да отпатува за Ватикан, претседателот Ердоган на аеродромот Ататурк во Анкара одржа прес конференција.

„На посетата сметам како на извонредна можност за привлекување на вниманието на светската јавност кон заедничките човечки вредности, како и упатување пораки за пријателство и мир“ рече Ердоган.

„На средбата со папата Францискус ќе размениме мислења во врска со борбата против расизмот, како и борбата против тероризмот во Палестина, Ерусалим, Сирија, Ирак, потоа прашањата и проблемите на бегалците, хуманитарната помош. Исто така ќе размениме мислења во врска со борбата против исламофобијата како и културниот расизам“ рече Ердоган.

Во освртот на односите меѓу Турција и Италија, претседателот Ердоган рече:

„Лани обемот на трговската размена меѓу двете земји се зголеми на 20 милијарди долари, додека потенцијалот на двете земји е над ова ниво. До 2020 година планираме оваа бројка да ја зголемиме на 30 милијарди долари. На средбата ќе разговараме и за билатералните чекори што може да ги фрлиме за остварување на предвидената цел“ рече претседателот Ердоган.



Слични вести