Јилдирим: „Досега врз Хатај и Килис се извршени 94 ракетни напади”

Успешно продолжува операцијата „Маслиново гранче“ на Турските вооружени сили која започна на 20 јануари

903459
Јилдирим: „Досега врз Хатај и Килис се извршени 94 ракетни напади”

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека од почетокот на операцијата „Маслиново гранче“ врз Турција се извршени 94 ракетни напади, од кои 60 врз Хатај и 34 врз Килис. Во терористичките напади на ПЈД/ПКК загинаа 7 цивили, а 113 лица се повредени”.

По посетата на Командниот центар со операцијата „Маслиново гранче“, премиерот Јилдирим замина за Килис. По средбите, премиерот Јилдирим одржа прес конференција на која рече:

„Успешно продолжува операцијата „Маслиново гранче“ на Турските вооружени сили која започна на 20 јануари во сириското подрачје Африн. Во меѓувреме и натаму продолжуваат подмолните напади на терористичките организации. Тоа е бројот на нападите кои терористите ги извршија уште од првиот ден на операцијата до денес. Не ги набројувам оние 700 кои што беа извршени пред операцијата. Терористите врз Хатај извршија 60, врз Килис 34, вкупно 94 ракетни напади. Во нападите загинаа 7 цивили, а над 113 лица беа повредени“ рече премиерот Јилдирим.



Слични вести